In order to view this page you need Flash Player 9+ support!

Get Adobe Flash player

ObjectX

  • IMG_1704.JPG

  • IMG_1769.JPG

  • IMG_1772.JPG

  • IMG_1777.JPG

  • IMG_1790.JPG

  • IMG_1794.JPG

  • IMG_1803.JPG

  • IMG_1737.JPG

  • IMG_3083.jpg



„Марков Ѕид“ (Маркови Кули)

Месноста "Марков ѕид" се издига над североисточниот крај на Прилепец, на западната падина на Селечка планина, 8 км јужно од „Маркови Кули”, Прилеп. Претставува доминатен рид 300 м високо над Полето (960 м н.м.) и со голема прегледност наоколу. Западниот дел е понизок и зарамнет, во вид на широка тераса опкружена со многу стрмни падини. Источниот дел се издига во карпсет куп, одвоен со тесно мало седло од планината на исток. Две поројни бразди северно и јужно од ридот ја задржуваат повремено водата, неопходна за живот.

Најстари остатоци. Во раната и доцната антика жителите од богатите населби во Полето барале засолниште на ридот Марков Ѕид. Веројатно тогаш акрополата добила камено обѕидие и служела како збег, на што укажуваат ретки археолошки наоди од тие времиња.

Средиовековни остатоци.

Околу терасата на западниот крај запазено е обѕидие кое врти долж работ, потпирајќи се на издадените големи карпи. Ѕидот е граден од камен со слаб малтер и широк само 1—1,3 м, а влечен е во куси прави потези кои формираат силно искршена (цик-цак) линија. Сето ова јасно го определува како доцносредновековна ѕидарија. Ѕидот околу акрополата се распаднал целосно и од него останале само наместа траги од растурен шут. Во оградениот простор се среќаваат ретки парчиња од сред-новековна огнишна грнчарија и црепни. Траги од постојано живеење нема. Укрепениот простор на Марков Ѕид има големина од преку 7 ха (акрополата мери 2 ха и терасата 5.3 ха). Оваа големина изненадува, укажувајќи од своја страна дека околината на Прилеп била густо населена во доцниот среден век. Позицијата потсеќава делумно на Маркови Кули — Прилеп (од истото време) и веројатно оттаму доаѓа и името на ова место. И овој збег бил изграден веројатно по битката на Марица (1371 г.), кога турските хорди неколку децении ги пустошеле нашите краишта пред конечно да ја воспостават својата управа во Македонија.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.