In order to view this page you need Flash Player 9+ support!

Get Adobe Flash player

ObjectX

  • IMG_1704.JPG

  • IMG_1769.JPG

  • IMG_1772.JPG

  • IMG_1777.JPG

  • IMG_1790.JPG

  • IMG_1794.JPG

  • IMG_1803.JPG

  • IMG_1737.JPG

  • IMG_3083.jpg

Стибера-Stibera

Во еден од зачуваните стари записи се вели:

По течението на Црна (Еригон)во непосредна близина на Прилепското село Чепигово се наоѓа античкиот град Стибера. Стибера е град во кој со археолошките ископувања се откриени најмногу антички скулптури залувани во целост. Стибера -  центар на македонските кралеви во борбите против Илирите. Како што пишува римскиот историограф Ливие, Стибера бил градот од кој последниот македонски крал Персеј во 169 година п.н.е тргнал во борба против Илирите. Кога точно е изградена Стибера сеуште не е точно утврдено, но се претпоставува дека тоа било во времето на Филип Втори.rnrn

Стибера, или како што археолозите сакаат да ја викаат Македонска Помпеја, е еден од најголемите антички градови во Македонија, а истовремено, и еден од најатрактивните антички градски населби. Таа се наоѓа во близина на прилепското село Чепигово, а нејзините остатоци лежат на јужните падини на ридот Бедем каде во неговото подножје се слева рекичката Блато во Црна Река (Еригон).
Неколкуте пишани антички извори соопштуваат за животот и убикацијата на Стибера. Во подоцнежните записи таа воопшто не се споменува, па оттаму се претпоставува дека исчезнала пред IV век, и тоа за време на владеењето на царот Галиен. Со археолошките истражувања на овој локалитет пронајдена е цела една ризница од подвижен археолошки материјал, што главно му припаѓа на периодот на II и III век, кога Стибера го доживеала својот процут. Од него се издвојуваат керамички садови, монети, мермерни споменици, повеќе од триесет статуи и бисти на угледни граѓани од тоа време, околу дваесетина постаменти и плочи со натписи и голем број на мермерна пластика. Тоа зборува дека со овие ископувања е откриен дел од градскиот бедем. Градот бил обиколен со обѕидие од кршен камен. Во внатрешноста на градот се откриени темелите од некогашниот храм посветен на божицата на судбината - Тихе, а подигнат во спомен на една богата граѓанка и на нејзините блиски роднини. На тоа место постоел извор, кој повеќе имал култна и мистичка, одошто практична вредност. Таму било изградено, а подоцна и обновено, светилиштето што најверојатно и било посветено на истата божица, како и храмот.


На овој простор пронајдени се разновидни мермерни украси, статуи и бисти, меѓу кои и статуата на божицата Тихе на постамент со натпис. Храмот се состоел од наос и предворје. Неговите ѕидови биле изградени од кршен камен и цврст малтер, а темелите биле цврсти и масивни. Начинот на градење на наосот е типично римски. На источниот дел од наосот постоеле седум ниши, меѓу кои една голема централна и по три од обете страни. Зачувани се нивните подови, апронајдени се и шест мермерни полукружни плочи кои, според големината, одговараат на подовите на нишите на чии страни биле врежани имињата на лицата чија биста стоела во одделната ниша. Тие најверојатно веќе биле мртви кога овој храм бил обновен и кога биле изработени нивните бисти. Меѓу нив се наоѓаат бистите на угледниот војсководец и граѓанин добро познат на овие простори, Тит Флавиј Орест, и на неговиот син Филоксен. Од откриените архитектонски градби се издвојува античкиот гимназион Тој се состои од две одделни градби: Хероон со светилиште и Перистил со предворје и екседра. Во Хероонот биле чувани статуи, бисти херми, стели и постаменти со натписи, декрети, победнички трофеи направени во чест на заслужни граѓани, победници во натпревари и истакнати донатори на гимназионот.Тука се пронајдени статуи на разни божества и еден жртвеник, во форма на низок кубус со квадратна вдлабнатина озгора на хоризонталната површина што служела за принесување на жртви.r Перистилот се наоѓал до југозападниот агол на Хероонот. Оваа градба била свртена на север кон плоштадот. Долж неа се протегало предворјето кое имало влез во доѕиданата екседра. Во таквите градби била изведувана теоретска училишна настава. Овде стоеле голем број статуи од кои се сочувани само три мермерни женски статуи.Комуникацијата помеѓу овие градби и плоштадот се одвивала во еден долг и тесен простор, несомнено користен и како атлетска патека - најстариот и наједноставниот градежен елемент во гимназионите.Во подножјето на бедемот, над патеката имало седишта од каде публиката можела да ги следи натпреварите. Тука биле одржувани трки, фрлање диск, стрели, копје, што на градот му давале посебна убавина и свечена атмосфера. Овие архитектонски градби, вклучувајќи ја и декоративната архитектонска пластика, говорат за економското богатство и моќта на семејствата од I до III век и укажуваат на важноста и угледот што овој град го поседувал во тој период од неговата историја.r Варварските пустошења на периферните делови на Римското царство, кон крајот на III век,било причина голем број градови да бидат разрушени а меѓу нив и градот Стибера.


ПРИКАЗНА ЗА СТИБЕРА

Во Македонија нема што нема.rnЗемја, сонце, води, дивеч, билки, се успева. Високи планини, снежни врвови, ретки шуми како на Пелистер, Бистра, Кожув. Планини со гранит, мермер, оникс, ураниум, неметали, цел Менделеев систем на едно место се збрал. Плодовите, цветовите, виното, пастрмката, биволите и разни ендемити се живи сведоци на размената на сите богатства што Александар ги вршел со далечни земји. Прекрасните пејсажи, луѓето и уметничките дела се автохтони, македонски. Градовите симетрично распоредени и сегашните и древните, се споменици на уникатност на уметничка дарба и способност на генерациите. Природата, животот, умот и човекот заедно ја претставуваат македонската одлика. Во центарот на Пелагонија, што повеќе од три илјади години така се вика, се наоѓа селото Тополчани. Опркужено е со неолитски наоди, тумби и царски градови. Во подножјето го пара Црна Река (Еригон).rnНад самото село на ридот е највиска кота на Пелагониска греда што ја дели Пелагонија на половина меѓу Прилеп и Битола или Керамиде и Хераклеја. Од тука се гледаат сите градови и патишта.rnВо близина е Стибера, Дерион, Алкомена, Пелагонија, Хискана и Хераклеја кои се поврзувале со царскиот пат меѓусебе. Тој пат уште е во функција едни велат римски е, други турски бил, само затоа што Македонците граделе и во Рим и во турско, кога Македонија владеела со сите земји. Тука низ Пелагонија затрупана е целата древна македонска историја.

Стибера тоа го покажува.

Од сите досегашни истражувања од тој комплекс на градови таму останале лузни од ограбувања на сите држави и војски што ни присвојувале.


Стибера е најголемиот и најбогатиот град од сите македонски древни градови, град ковачница на златните монети на царевите Филип II и Александар, град светилиште со храм на Тиха и статуи на Асклепио, Херакле, Хефест. Стибера со Гимназионот, Стадионот, салите-училници била најголем образовен центар цели 600 години, седиште на племството на Пелагониските, Пеонските, Линнкестидските и Дериопските кралски куќи. Стибера уште не ги покажала царските палати, театарот, лабораториите и Асклепијадите типични за секој македонски царски град. Досега сите ископувања во подножјето се правеле само за да се грабне некоја статуа или плоча со писмо. Така колоната од статуи, сега се колони во многу светски музеи. Таму тие ја немаат светоста на Македонија, библиската земја, зјаат само лузни од грабеж.


"Персеј пристигна во Стибера, го распродаде пленот и ја остави војската да се одмора, очекувајќи го враќањето на пратениците". Ахајскиот историчар, Полибај во 28 книга "Истории" (втор век пред нашата ера) преку овој запис укажува на фактот дека станува збор за мошне значен град од античкиот период на Македонија. Записот ја опишува победата на македонскиот крал Персеј против Илирите, каде што бил заработен голем плен.  Другите пишувања од страна на античките автори, укажуваат на фактот дека истиот се наоѓал во самото средиште на Пелагонија, веднаш крај Црна река. При повеќето ископини вршени на овој локалитет пронајдени се голем број на монети, блокови со натписи, мермерни плочи, столбови, кипови, керамички садови, мермерни споменици, повеќе од триесет статуи и бисти на угледни граѓани од тоа време, дваесетина постаменти и плочи со натписи. Во сеќавање на постарите жители на селото е еден помалку познат податок дека пред Втората светска војна на два пати е изнесено огромно 6огатство во вид на културен материјал.rn

Доколку бидат извршени соодветни истражувања на материјалните податоци што лежат под земјата, ѕидиштата на градот и темелите веројатно би можеле да се добијат нови сознанија за најразличните преданија за случувањата во тој период. Би се дознало многу за потеклото на градот, неговиот целосен изглед, степенот на развојот и причините за неговото уништување.

ХРАМ HA БОЖИЦАТА HA СУДБИНАТА ТИХЕ

Според претпоставките во градот функционирале голем број на храмови, базен, театар и гимназиум. Досега направените површински истражувања укажуват на две значајни градби. Еден храм е во средниот дел на возвишението. Припаѓа на божицата на судбината-Тихе. Неговите ѕидини широки 1.2 метри оставаат силен впечаток. Bo негo се уште можат да се видат постементи во неговата внатрешност, големи мермерни столбови и мермерни блокови со различни натписи со латинско писмо. Секој посетител особено се возбудува, од еден од отворите што водат во подземен ходник, што само по себе ја зголемува мистичноста на просторот. На ова место постоел извор што повеќе имал мистична и култна, отколку практична вредност. За жал, овој простор се уште не е целосно истражен. Таму било изградено, а подоцна и обновено светилиштето што веројатно и било посветено на истата божица, како и самиот храм. На овој простор пронајдени се разновидни мермерни украси, статуи и бисти, меѓу кои и статуетата на божицата Тихе, на постемент со натпис. Храмот се состоел од наос и предворје. Неговите ѕидови биле изградени од кршен камен и цврст малтер, а темелите биле цврсти и масивни. Начинот на градење на наосот е типично римски. На источниот дел од наосот постоеле седум ниши, меѓу кои една голема централна и по три од обете страни. Зачувани се нивните подови, а пронајдени се шест мермерни полукружни плочи кои според големината, одговараат на подовите на нишите на чии страни биле врежани имињата на лицата чии бисти стоеле во одделната ниша. Тие веројатно веќе биле мртви кога овој храм бил обновен и кога биле изработени бистите. Меѓу нив се наоѓаат и бистите на угледниот војсководец и граѓанин, добро познат на овие простори, Тит Флавеј Орест и неговиот син Филоксен.

АНТИЧКИ ФИЛОЗОФИ ВО СТИБЕРА

Од откриените архитектонски градби се издвојува античкиот гимназион. Тој се состои од две одделни градби: херон со светилште и перистил со предворје и екседра. Во Херон биле чувани статуи, бисти херми, стели и постаменти со натписи, декрети, победнички трофеи направени во чест на заслужните граѓани, победници во натпревари и истакнати донатори на гимназионот. Пронајдени се статуи на разни божества и еден жртвеник, во форма на кубус, со квадратна вдлабнатина озгора на хризонтална површина што служела за принесување на жртви. Перистилот се наоѓал до југозападниот агол на херонот. Оваа градба била завртена на север, кон плоштадот. Долж неа се протегало предворјето кое имало влез во доѕиданата ексадрила. Во таквите градби била изведувана теоретска училишна настава. Недостигот на податоци ја буди желбата да се запрашаме дали во него можеби не престојувал некој познат антички филозоф, или можеби го пренесувал сопственото знаење. Овде стоеле голем број статуи, од кои се сочувани само три мермерни женски. Комуникацијата меѓу овие градби се одвивала во еден долг и тесен простор, несомнено користен и како атлетска патека - најстариот и наједноставен елемент во гимназиумот. Во подножјето на бедемот, над патеката имало седишта од каде публиката можела да ги следи натпреварите. Тука се одржувале трки, фрлање диск, стрела, копје, што на градот му давало посебна убавина и свечена атмосфера.


Од  kralemarko.org.mkrn

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.