In order to view this page you need Flash Player 9+ support!

Get Adobe Flash player

ObjectX

  • IMG_1704.JPG

  • IMG_1769.JPG

  • IMG_1772.JPG

  • IMG_1777.JPG

  • IMG_1790.JPG

  • IMG_1794.JPG

  • IMG_1803.JPG

  • IMG_1737.JPG

  • IMG_3083.jpg

Музеј за Тутун

Музејот за тутун во Прилеп е раководен од Национална Установа „Завод и Музеј – Прилеп“, а функционирањето е плод на соработка со ЈНУ Институт за тутун – Прилеп. Единствен музеј е од овој вид на Балканот и еден од поголемите тутунски музеи во Европа.

Историјат

Отворен е 1973 година, по повод 100 години организирано тутуно производство во Прилеп (градбата на првиот магацин за откуп на тутун во Прилеп) и 400 години од присуството на тутунот во Отоманската империја (значи и во Македонија).

Експонати

Музејот брои 2584 експонати и тоа од неколку области:

* експонати за уживање тутун;
* експонати од индустриското производство и манипулација со тутунот;
* експонати од рекламирањето на тутун и производи од тутун;
* експонати од феноменологијата на тутунот;
* етнографски експонати од производството и манипулацијата со тутунот ликовна збирка;
* збирка на каширани фотографии;
* збирка на историски документи
* библиотека на ретки и стари книги и ракописи;

Музејот на тутунот поседува и библиотека со ретки и стари примероци на книги, како што е "Табакологија" од Неадри издадена во 1626 година, потоа фототека и Фототека на негативи, збирка на пропаганден материјал од тутунската индустрија и колекција на слики, вредни и оригинални графики и репродукции. Оделението за документација и аналитика се наоѓа во просториите на Заводот и Музеј во Прилеп.

Перманентна поставка

Перманентна поставка на Музејот за тутун се наоѓа во Кругот на ЈНУ Институт за тутун – во зградата на Институт за старословенска култура. Предметите се изложени во сала со површина од 250 м2. Во 24 витрини се сместени 750 експонати: лулиња, чибуци, табакери, бурмутници, дозни за тутун, пепелници, наргилиња, водни лулиња за тутун и опиум, чистачи и полначи за лулиња, порт цигари, камиши, сечачи за тутун, дробилки за бурмут (авани), апарати за потсекување и режење цигарети и цигари, калапи и други алати за изработување лулиња, шандани (држачи и тацни за послужување тутун и цигари), кутии за тутун, цигари, тацни за служење цигари, направи за потпалување на лулињата, чилами за хашиш, запалки, кутии за виткање цигари, машички, ризла и палмини листови за завиткување, рекламни сетови и и др.

Овие експонати имаат улога да го објаснат човекот преку луксузот (тутунот е сепак луксуз и феномен на апсурдот). Музејот за тутун – Прилеп ги собира експонатите, но и вистинитите приказни, кои одат со нив.

muzej1Музејот поседува ретки и скапи експонати, кои припаѓале на познати сопственици (кралеви, принцови, војводи, војководци и познати личности од историјата...) или експонати кои говорат за развојот на навиките за пушење, џвакање и шмркање на тутунот (бурмут).

Музејот во својата колекција поседува ексклузивни лулиња кои биле приутни на некои големи Светски изложби (Париз и Виена).

Збирката на каширани фотографии и уметничката збирка е изложена во зградата на ЈНУ Институт за тутун и тука можат да се видат богати понуди, во кои тутунот е мотив и инспирација.

Експонати

Предметите се собирани од 5 континенти. Најмалку има од Балканот. Помеѓу попознатите експонати спаѓаат:

* Султанското луле од Крим
* Чибукот на Романов
* Лулето од надвојводката Ана
* Чибукот од Али – Кучук
* Лулето и тутун – кутија од Дража Михајловиќ
* Студентските и боевите лулиња од побуната против Марија Терезија од 1848
* Лулињата од првиот светски пушачки клуб
* Табакера од Вториот поход на Кристофер Колумбо
* Композицијата ,,Мојата жена и мојата баба"
* Лулето од копито ,,Опомена"
* Табакологијата од Неандер
* Серијата „тутун“ - едни од најретките графики
* Делата од Славин, Подухин и многу друго.





You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.