• Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size

Култура

  • Институт за Старословенска Култура - ИСК генерално се занимава со етногенезета на старите Словени, преку истражувањата на археолозите, историчарите на уметност, етнолозите, лингвистичарите и други помошни историски науки. Формиран е како Центар за истражување на Старословенската Култура при Музејот на град Прилеп, а во 1980 година се осамостојува како Институција од научен карактер. Негов основач е тогашниот директор на Музејот на град Прилеп - Проф. д-р. Бошко Бабиќ, а подоцна и негов директор од 1980 година.
  • Центар за Современа Ликовна Уметност (ЦСЛУ) - Уметничка Колонија, којашто секоја година (во летниот период во месеците јули и Август) се одржува во центарот на градот Прилеп, за време на Прилепското Културно Лето. Основана е во 1957 година, од страна на историчарот на уметност и археолог - Проф. д-р. Бошко Бабиќ (директор на ЦСЛУ до 1981 година, а потоа и нејзин доживотен почесен претседател), по негова иницијатива и исто така по иницијатива на неговиот пријател и долгогодишен соработник на ЦСЛУ - академскиот сликар Ристо Лозановски. Уметничката Колонија е една од најстарите во Југоисточна Европа, а е најстара на Балканот. Секоја година, се одржуваат, редовни четири работилници: Интернационалната Сликарска Колонија (започната 1957 год.), Интернационален Скулпторски Симпозиум "Мермер" (1963 год.), Интернационално Студио за Пластика во Дрво (1971) и Интернационално Ателје за Скулптура во Метал (1984). Периодично се одржуваат и други работилници, како: Уметничка Фотографија, Керамика, Витраж, Мозаик,Графика, а од 2005 година и Студиото за Пластика во Пластика, основано по инцијатива на директорот на ЦСЛУ Диме Јанески (на функција од 1981 година па се' до денес) и академскиот скулптор - Предраг Јаневски.
  • Македонски Театарски Фестивал "Војдан Чернодрински" - кој се одржува во чест на првиот модерен македонски автор на драми, Војдан Чернодрински, кој бил роден во село Селци, Струшко во 1875 год. Основан е во 1965 година, од страна на познати македонски актери, кои ја дале целата нивна поддршка, како што се: Нада Гешоска, Димче Гешоски, режисерот Мирко Стефаноски и други. Овој Театарски Фестивал е најголемиот и најзначајниот за македонската театарска дејност, како и пошироко на Балканот, чии признанија се од голема важност во животот на актерите. Се одржува секоја година, во првата недела од месецот Јуни.
  • Манастирот во Зрзе и манастирот “Св. Архангел Михаил“, кои имаат фрески од XII и XIV век, се значајни знаменитости на културата во Прилеп.
  • Исто така е важен манастирот “Трескавец“, кој се наоѓа на падините под врвот Златоврв и каде се снимени дел од сцените на филмот “Пред дождот“ на Милчо Манчевски.

Уметност и архитектура

Постојат неколку антички знаменитости во Прилеп, вклучувајќи една кај Маркови Кули, црквата “Св.Никола“ од XIII век, црквата “Св. Успение Богородично“ (“Трескавец“), црквата “Св. Преображение“ и “Могилата на Непобедените“, споменик во чест на жртвите од фашизмот кој се наоѓа во централниот парк на Прилеп. Познато е дека постои голем римски некрополис и каде се најдени голем број на ѕидини. Римски рушевини се наоѓаат и блиску до Варошкиот Манастир, изграден во стрмните падини на ридот, каде подоцна е населена средновековна заедница. Голем број на рано римски гробници, некои со скулптурни релјефи на починатите или од “тракијскиот јавач“ и други споменици од официјална природа, се наоѓаат во двориштето на црквата под јужната падина на Варош. Некои од најголемите споменици биле изградени во ѕидовите на црквата.

Најважниот антички споменик е стариот град Стибера ситуриран во ридот Бедем близу Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Манастирот Трескавец, е изграден во XII век во планините на 10км северно од Прилеп, под Златоврв, на работ на мала висорамнина околу 1100 метри надморска висина. Други инскрипции во Трескавец вклучуваат неколку римски творби од I век посветени на Аполон. Старата тврдина била користена од Римјаните, а подоцна Византијците. Во средновековието, Крале Марко ја обновил цитаделата, правејќи ја важна воена тврдина. Дури и Цар Самуил дошол таму по поразот на Беласица во 1014 година.

11 ОКТОМВРИ ЖЕНСКИ ОДБОЈКАРСКИ КЛУБ ПРИЛЕП

ЦАР САМОИЛ; ББ ПРИЛЕП
ПРИЛЕП Македонија

11 ОКТОМВРИ ОДБОЈКАРСКИ КЛУБ ПРИЛЕП

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ; 4 ПРИЛЕП
ПРИЛЕП Македонија

11 ОКТОМВРИ ПИОН МЛАД ФУДБАЛСКА ЕКИПА ПРИЛЕП

ЦАНЕ КОЊАРЕЦ; 42 ПРИЛЕП
ПРИЛЕП Македонија

11 ОКТОМВРИ-ЕУРОФООД АД ПРИЛЕП

ВОЈВОДИНСКА; ББ ПРИЛЕП
ПРИЛЕП Македонија

11-ТИ ОКТОМВРИ 2005 ОДБОЈКАРСКИ КЛУБ ПРИЛЕП

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ; 22 ПРИЛЕП
ПРИЛЕП Македонија

ЕСТРАДА ЗДРУЖЕНИЕ НА МУЗИЧАРИ И АВТОРИ ПРИЛЕП

ДРАГАН ДИМЕСКИ; 19 ПРИЛЕП
ПРИЛЕП Македонија

МЕЛ ФЕСТ ИНТЕРНАЦ МЛАДИНСКИ ЗАБ МУЗ ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП

РАДОВИШКА; 51 ПРИЛЕП
ПРИЛЕП Македонија

ПЛЕТВАРЕЦ УВОЗ-ИЗВОЗ ДООЕЛ ПРИЛЕП

АРХИЕПИСКОП ДОСИТЕЈ; 82 ПРИЛЕП
ПРИЛЕП Македонија

ПРИЛЕП КИНОЛОШКО ДРУШТВО ПРИЛЕП

СОТКА ЃОРЃИОСКИ; 93 ПРИЛЕП
ПРИЛЕП Македонија

СИНДИКАТ ПРИ ЗАВОД И МУЗЕЈ ПРИЛЕП

МОША ПИЈАДЕ; 142 ПРИЛЕП
ПРИЛЕП Македонија

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

Prilep, Macedonia
Temp: 14°C
Feels Like: 14°C
Humidity: 81%
Speed: 3 km/h
Direct.: 230°
Pressure: 948.2 mb
SW
Show more details



There are no translations available.

Културно уметничкото друштво "Мирче Ацев" кое го негува македонскиот фолклор, вечерва на плоштадот Александрија во 21 часот, ќе одржи целовечерен концерт на кој ќе се претстави со богат избор на македонски ора. Околу шееесетина играорци од првата и втората постава на друштвото ќе се претстават со Калајџиско оро, Бувчанско, Водарки, Осоговка, Ратовка- Беровка, Драчевка, Тресеница, како и со сплет игри од Источна Македонија. Друштвото"Мирче Ацев" веќе 63 години го негува и презентира македонскиот фолклор , не само во земјата, туку и во странство.

There are no translations available.

Денес, во 20.30 часот во галеријата на ЦК"Марко Цепенков" - Прилеп ќе биде отворена изложба на слики од третата ликовна колонија "Дрен" што во јули ја организираше Центарот за култура. На изложбата ќе бидат изложени 30 слики што ги создадоа уметниците - учесници на колонијата, творејќи во преубавиот манастирски комплек "Свети Илија- Дрен".

There are no translations available.

Синоќа на плоштадот Александрија, во рамките на прилепското културно лето октетот Прилеп одржа целовечерен концерт на староградска музика. Со песни од својот репертоар кој грижливо го обновува секоја година Октетот Прилеп синоќа настапи со целовечерен концерт во рамките на културната манифестација ,, Прилепско културно лето,,  што ја организира ЦК „Марко Цепенков“.

There are no translations available.

Прилепското културно лето продолжува утревечер во 21 часот, кога во Сцена 105 Младинското драмско студио ќе ја изведе премиерата на премиера на претставата ,, Стјуардеси,, во режија на Александар Димчески. Текстот,, од Марк Камолети, иако игран како комедија во Прилеп, сепак Младинското драмско студио при Центарот за култура,, Марко Цепенков,, одлучи да го постави на сцената како освежување во летните денови.

Забава во Прилеп