In order to view this page you need Flash Player 9+ support!

Get Adobe Flash player

ObjectX

  • IMG_1704.JPG

  • IMG_1769.JPG

  • IMG_1772.JPG

  • IMG_1777.JPG

  • IMG_1790.JPG

  • IMG_1794.JPG

  • IMG_1803.JPG

  • IMG_1737.JPG

  • IMG_3083.jpg

Вторник, 05 Февруари 2013 15:58

Прилеп ќе организира градски превоз на две линии

Општина Прилеп првпат за многу брзо време ќе започне со организирање на јавен градски превоз, кој ќе ја покрива територијата на градот и населените места. Носител на проектот е ЈП за просторно и урбанистичко планирање.

Во тек е постапка за набавка на пет модерни автобуси кои ќе се движат по планираните две траси, а воедно предвидено е и опремување на постојките на кои ќе има електронски табли за информации на корисниците.

Имплементацијата на проектот не подразбира само набавка на автобуси туку и целосна подготовка на сообраќајните коридори, а не е исклучена и опцијата да бидат вклучени и јавните превозници по теркот на јавно приватно партнерство, вели Бранко Нешкоски, директор на ЈП за ПУП.

Општината за проектот градски превоз, кој се воведува по барања на граѓаните, од буџетот оддели повеќе од шест милиони денари. За доопремувањето и одржувањето ќе следат дополнителни средства.

Извор: Нова Македонија

Media

Leave a comment

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.