
Културно уметничкото друштво "Мирче Ацев" кое го негува македонскиот фолклор, вечерва на плоштадот Александрија во 21 часот, ќе одржи целовечерен концерт на кој ќе се претстави со богат избор на македонски ора. Околу шееесетина играорци од првата и втората постава на друштвото ќе се претстават со Калајџиско оро, Бувчанско, Водарки, Осоговка, Ратовка- Беровка, Драчевка, Тресеница, како и со сплет игри од Источна Македонија. Друштвото"Мирче Ацев" веќе 63 години го негува и презентира македонскиот фолклор , не само во земјата, туку и во странство.





Денес, во 20.30 часот во галеријата на ЦК"Марко Цепенков" - Прилеп ќе биде отворена изложба на слики од третата ликовна колонија "Дрен" што во јули ја организираше Центарот за култура. На изложбата ќе бидат изложени 30 слики што ги создадоа уметниците - учесници на колонијата, творејќи во преубавиот манастирски комплек "Свети Илија- Дрен".

























