• Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size


РК ПРИЛЕП ПОДГОТВЕН ЗА СТАРТОТ ОД СЕЗОНАТА

There are no translations available.

Кризата во машкиот ракометен суперлигаш Прилеп се чини дека е минато. И покрај стравувањата дека ќе го гледаме истото сценарио од лани, управата на клубот беше упорна во својата намера да ги среди состојбите и екипата спремна да влезе во новата сезона. Неколку реномирани фирми од градов во последен момент решија да помогнат со цел клубот да не се најде во истата ситуација од минатата сезона.

  

ГОЛЕМ ПОДВИГ НА СТОЈАНОСКИ И ЗАОВ

There are no translations available.

Изминатиот викенд во Кочани се одржа меѓународниот меморијален турнир Андонов- Колев на кој учествуваа елитните борачи од земјава,меѓу кои и три члена на Боречкиот клуб 7ми Мај Леов. Токму најголемото изненадување го приредија Мартин Стојаноски кој во категоријата до 55 килограми го освои 1то место со серија победи против членови на двата најелитни клубови од земјава, Бучим и Балканец.

  

Три нови бунари за технолошка вода

There are no translations available.

Три нови бунари за технолошка вода ископа јавното комунално претпријатие Комуналец со локации на Градскиот стадион на новиот стадион на Могилата и во централното градско подрачје пред Центарот за култура Марко Цепенков. Соочуваки се летово со високите температури и потребата од повеке вода за полевање Комуналец интензивно работи на проеkтот технолоска вода. Неделава заврши испитувањето на водата на градскиот стадион кој е со издасност од 3 литри и во целост ке ги задоволи потребите за полевање на зелените површини.

  

60 % од отпадот од пакување треба да се рециклира

There are no translations available.

На пазарот за широка потрошувачка, денес речиси нема производ кој не е спакуван во соодветна амбалажа. Пластични кеси, шишиња, картонски кутии, се е тоа отпад што ако не е соодветно третинаран предизвикува загадување на околината. Законската регулатива ги обврзува економските оператори и општините да го собираат и рециклираат отпадот.

 


За средношколците од социјалните семејства- месечен надоместок од државата

There are no translations available.

Корисниците на парична социјална помош, кои имаат средношколци во семејствта, од оваа учебна година ќе имаат право на посебен месечен паричен надоместок за секој средношколец пооделно. Покрај потврдите за статусот на ученик, задолжителен услов е и редовноста на ученикот, која ќе се проверува директно од извештаите што ке ги доставуваат училиштата до Центарот за социјална работа.

 
  • «
  •  Start 
  •  Prev 
  •  1 
  •  2 
  •  Next 
  •  End 
  • »
Page 1 of 2

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

Prilep, Macedonia
Temp: 24°C
Feels Like: 24°C
Humidity: 57%
Speed: 3 km/h
Direct.: 310°
Pressure: 1014.9 mb
NW
Show more details


There are no translations available.

Културно уметничкото друштво "Мирче Ацев" кое го негува македонскиот фолклор, вечерва на плоштадот Александрија во 21 часот, ќе одржи целовечерен концерт на кој ќе се претстави со богат избор на македонски ора. Околу шееесетина играорци од првата и втората постава на друштвото ќе се претстават со Калајџиско оро, Бувчанско, Водарки, Осоговка, Ратовка- Беровка, Драчевка, Тресеница, како и со сплет игри од Источна Македонија. Друштвото"Мирче Ацев" веќе 63 години го негува и презентира македонскиот фолклор , не само во земјата, туку и во странство.

There are no translations available.

Денес, во 20.30 часот во галеријата на ЦК"Марко Цепенков" - Прилеп ќе биде отворена изложба на слики од третата ликовна колонија "Дрен" што во јули ја организираше Центарот за култура. На изложбата ќе бидат изложени 30 слики што ги создадоа уметниците - учесници на колонијата, творејќи во преубавиот манастирски комплек "Свети Илија- Дрен".

There are no translations available.

Синоќа на плоштадот Александрија, во рамките на прилепското културно лето октетот Прилеп одржа целовечерен концерт на староградска музика. Со песни од својот репертоар кој грижливо го обновува секоја година Октетот Прилеп синоќа настапи со целовечерен концерт во рамките на културната манифестација ,, Прилепско културно лето,,  што ја организира ЦК „Марко Цепенков“.

There are no translations available.

Прилепското културно лето продолжува утревечер во 21 часот, кога во Сцена 105 Младинското драмско студио ќе ја изведе премиерата на премиера на претставата ,, Стјуардеси,, во режија на Александар Димчески. Текстот,, од Марк Камолети, иако игран како комедија во Прилеп, сепак Младинското драмско студио при Центарот за култура,, Марко Цепенков,, одлучи да го постави на сцената како освежување во летните денови.

Забава во Прилеп