
Бизнисменот Минчо Јорданов е годинашниот добитник на 8-мо Септемвриската награда која општина Крушево му ја додели за посебен придонес во популаризацијата и афирмацијата на Крушево заради донирање на крстот во месноста “Вршник”. Престижната награда, Советот на општина Крушево, на Јорданов му ја додели на вчерашната свечена Седница.





































Денес, во 20.30 часот во галеријата на ЦК"Марко Цепенков" - Прилеп ќе биде отворена изложба на слики од третата ликовна колонија "Дрен" што во јули ја организираше Центарот за култура. На изложбата ќе бидат изложени 30 слики што ги создадоа уметниците - учесници на колонијата, творејќи во преубавиот манастирски комплек "Свети Илија- Дрен".
